Струга, 16. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – На ракометното игралиште „Горан Попоски Бабец“ во Струга денеска започнува 51. издание на Струшкиот ракометен турнир.
Премиерен натпревар од 18:30 часот ќе биде оној на домаќинот Струга и Вардар, со освоени 13 титули на турнирот.
Церемонијата за свеченото отворање е предвидена за 19:55 часот, по што од 20:40 часот ќе се сретнат Алкалоид и Динамо Панчево.
Утре на програмата се дуелите помеѓу АЕК Атина од Грција и Динамо Панчево од Србија, како и Ескилстуна Гуиф од Шведска и Струга.
Вo петок ќе се сретнат Вардар и Гуиф и екипите на Алкалоид и АЕК Атина. Во сабота ќе се одиграат натпреварите за петто и трето место, како и финалето.
Минатата година, победник на турнирот беше екипата на Еурофарм Пелистер, но годинава не учествуваат. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива