декември 3, 2021

Охрид, 3. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Учениците и студентите со ретки болести од Охрид ќе може да аплицираат за општински стипендии.

Градоначалникот на Охрид д-р Кирил Пецаков го прифати предлогот на Здружението „Ретко е да си редок“ за водедување нова категорија стипендисти.

Па, така следниот конкурс за доделување на стипендии ќе биде дополнет со уште една категорија, а тоа се ученици, студенти, магистранти и докторанти со ретки болести од Охрид кои учат и студираат во државни и приватни школи да може да добијат општинска стипендија.

https://youtu.be/hmCITKdXIkw

– Годиниве наназад во општина Охрид се доделуваат ученички и студентски стипенди на најразлични категории кои ги исполнуваат условите. Треба да се има предвид дека во Охрид имаме и ученици и студенти со ретки болести кои се и едни од ретките во државава, бидејќи не сите деца со ретки болести, поради спесифичноста на болеста и лекување, успеваат да се едуцираат и да го изградат својот живот и кариера. На иницијатива на Здружението „Ретко е да си редок“ поднесовме предлог за воведување нова категорија стипендисти за која што изразувам благодарност до градоначалникот што ја прифати. Со овој паричен надомест ќе им помг на овие деца да продолжат поуспешно натаму во животот, потенцира Лолеска.

Градоначалникот Пецаков најави дека стипендии ќе има и за ученици, студенти, магистранти и докторанти со посебни образовни потреби. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука