јули 25, 2017

Струга, 25. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – На средина на летото и во шпицот на туристичката сезона, животот во Струга останува неподнослив за граѓаните, но и за многубројните гости поради чадот од депонијата која повторно гори.

Погледнете како изгледа Струга во моментов.

deponijastruga2 deponijastruga3 deponijastruga4Слична слика во градот имаме во континуитет периодов наназад, а неодамна, група граѓани, незадоволни поради нерешавањето на проблемот со депонијата, која одново се запали и ги труе стружани, фрлаа ѓубре пред здрадата општината во Струга, во знак на револт поради состојбата, за која како никој да нема слух да се реши.

– Ако не се дислоцира депонијата и не се реши овој проблем во најскоро време, ќе превземеме порадикални мерки. Ќе излеземе на нови протести и ќе ги блокираме патиштата, изјавија тогаш присутните граѓани.

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, на 22-ри минатиот месец најави дека се разгледуваат сериозни можности во наредниот период струшката депонија да биде дислоцирана и дека во најкус можен рок ќе се најде решение за проблемот.

– Ние како Влада, иако мојот ресор не е надлежен ракување со депонијата, сепак ќе се потрудиме да направиме се`, иако од граѓаните беше побарано тоа да се направи за 15 дена, во најбрз можен рок да го решиме овој долгогодишен горлив проблем на стружани, рече Сугарески.

Стружани се со став дека овој проблем е присутен години наназад, а некој профитира од тоа и си игра со нивното здравје. Стружани изјавија дека нема да престанат со притисокот додека не се најде решение за проблемот со депонијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ФБ Илија Чуркоски

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука