февруари 6, 2024

Струга/Белчишта, 6. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Општините Струга и Дебрца се меѓу општините кои ќе добијат дополнителни средства за изградба и реконструкција на основни училишта за 2024 година.

На денешната седница, Владата, на предлог на Министерството за образование и наука, ја донесе Програмата за изменување на Програмата за изградба и реконструкција на основни училишта за 2024 година.

Со измените, преку внатрешна прераспределба на буџетски средства наменети за образованието, зголемени се средствата за изградба и реконструкција на основни училишта за 2024 година: од 145.000.000,00 на 226.500.000,00 денари и од 250.000.000,00 на 267.000.000,00 денари. Станува збор за средства за изградба нови училишни објекти, или доградби на објекти во повеќе општини низ државата, како: Прилеп, Куманово, Велес, Шипковица, Дебрца, Чашка, Лозово, Кавадарци, Кратово, Липково, Македонски Брод, Крива Паланка, Пласница, Желино, Могила, Богданци, Маврово и Ростуше, Арачиново, Свети Николе, Гостивар, Карбинци, Радовиш, Гевгелија, Арачиново, Струга, Тетово, Неготино, Росоман, Боговиње, Виница, Кочани, Кривогаштани, Чучер, Сандево, Босилово, Кичево, Демир Капија, Бутел, Чаир, Центар во Скопје и во други општини низ државата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука