Струга, 23. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување на сигурноста“, Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 51-годишниот Р.Л. од Струга.
– Пријавениот, казненото дело го сторил на трети минатиот месец во дворот од куќа сопственост на неговиот брат. Настанот се случил во момент кога лицето Д.Ш., судски доставувач сакал на братот на пријавениот да му достави судска покана. Кога го забележал тоа, пријавениот Р.Л. започнал жестока вербална расправија со судскиот доставувач, упатувајќи му сериозни закани по неговиот живот, потоа му ја одзел поканата и физички го нападнал, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива