јуни 21, 2017

Струга, 21. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Граѓаните на Струга денес повторно ќе го кренат својот глас за правото на чист воздух и ќе побараат одговорност од надлежните и решение на проблемот со струшката дива депонија.

Од Граѓанската иницијатива „Доста“ наведуваат дека бараат конечен „Крај на депонијата“, откако деновиве ескалираше проблемот со загадувањето. За депонијата која со децении е хроничен проблем на  стружани, се „препукуваа“ и партиите СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, кои се обвинуваа меѓусебно за истата и побараа трајно решавање и дислокација. Депонијата во Струга гори уште од Велигденските празници. По протестите на граѓаните и невладините организации властите започнаа со  санацијата, а кои ќе бидат следните мерки дополнително ќе се одлучува.

protesttrugaПротестот е закажан за 18:00 часот во струшката чаршија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука