мај 25, 2023

Струга, 25. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – Денеска беше свечено отворено новото спортско игралиште во струшката гимназија „Др. Ибрахим Темо“, со што средношколците добиваат модерен простор каде ќе ги реализираат часовите по физичко воспитување и каде ќе можат да се организираат рекреативни активности фудбал, ракомет, кошарка, одбојка.

Инвестицијата е финансирана од блок дотациите што ги добива училиштето, во соработка на локалната самоуправа и ресорното Министерство.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири им посака на учениците активно да го користат игралиштето и да постигнуваат високи спортски резултати.

Исто така, денеска им беа доделени признанија и награди на учениците од деветто одделение со најдобри есеи на тема „Училиштето мој втор дом“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Министерство за образование и наука

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука