октомври 23, 2014

Агенцијата за млади и спорт продолжи да го реализира проектот за изградба на ново модерно игралиште во струшкото село Лабуништа.

Минатата недела вработени во градежната фирма „Илинден“  извршија асфалтирање на игралиштето а во текот на вчерашниот ден беше донесена и поставена металната заштитна ограда.

Игралиштето ќе биде опремено со спортски реквизити и опрема за фудбал, кошарка, ракомет и други спортови, но и ќе биде соодветно осветлено за да може да се спротува и во вечерните часови.

Повеќенаменското игралиште во Лабуништа ќе биде ставено на располагање на сите граѓани за спортување, рекреирање и за натпреварување. Ќе може да се користи деноноќно и да биде место за собирање и дружење на младите и постарите генерации.

Супер радио/А.Р.

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука