мај 22, 2023

Охрид, 22. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – Денеска во Охрид ќе се одржи студентска конференција на тема „Економија и бизнис во услужните дејности“.

Истата е во организација на студентското собрание, во соработка со центарот за научно истражувачка работа при Факултетот за туризам и угостителство (ФТУ) Охрид, а ќе се одржи во просториите на факултетот со почеток во 11:00 часот.

На отворањето на конференцијата ќе се обрати Деканот на ФТУ Проф. Д-р Снежана Дичевска како и раководителот на ЦНИР: Проф. Д-р Александар Трајков. Поздравни говори ќе имаат и бизнис партнерите: Амина Идризи, менаџер на секторот за човечки ресурси во „Магна Мирорс“, Зоран Гроздановски, менаџер на секторот логистика во „Костал“ и други. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука