март 12, 2020

Јута, 12. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Челните луѓе на НБА лигата ја прекинаа сезоната на неодредено време. До ваквата одлука дошле откако беше објавено дека центарот на Јута Џез Руди Гобер бил позитивен на коронавирусот.

Гобер не се чувствувал добро поради што доцнел натпреварот помеѓу Јута и Оклахома, потоа мечот е одложен.Вистинска иронија е што судбината сакаше Гобер да биде првиот кој ќе го „закачи“ вирусот меѓу НБА играчите, затоа што тој во понеделникот им се потсмеваше на мерките за претпазливост на неговиот клуб на прес-конференцијата.

Кога дознале дека Гобер е позитивен на опасниот вирус челниците на лигата во истиот момент решиле да ги суспендираат натпреварите.Од НБА исто така потврдиле дека Гобер не се наоѓал во арената.

Сите од Јута ќе мора да бидат прегледани, а ќе бидат тестирани и кошаркарите на Торонто, Детроит, Бостон и Њујорк. Со овие тимови кошаркарите на Јута играа во изминатите осум дена.

На средбите одиграни ноќеска постигнати се следниве резултати:

Филаделфија – Детроит 124:106
Атланта – Њујорк 131:136 (по продолжение)
Мајами – Шарлот 98:109
Далас – Денвер 113:97. (Крај)

извор: Плусинфо /Топспорт фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука