мај 7, 2023

Македонски брод, 7. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – На социјалните мрежи деновиве е објавено таблото од гимназијата „Св. Наум Охридски“ од Македонски брод, која совршено опишува колку е алармантна состојбата со образованието, иселувањето и намалениот наталитет во државава.

На истото може да се види дека оваа школска година, во две паралелки во гимназијата, средното образование го комплетирале само 11 ученици, со кои работеле 23 професори. Осум ученици завршиле гимназиско образование, додека во делот угостителство и туризам, годинава со диплома за завршено средно образование се стекнале само 3 ученици.

Граѓани од овој дел на државата коментираат дека оваа гимназија некогаш била меѓу најдобрите во државата и редовно средното образование го завршувале 100-130 матуранти секоја година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука