Охрид, 6. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Ученичката Тамара Зенгоска од ООУ „Ванчо Николески“ од Охрид освои трета награда на државниот натпревар по македонски јазик кој неодамна се одржа во Скопје.
– На државниот натпревар по македонски јазик што се одржа на 1. јуни 2024 година на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, нашата ученичка Тамара Зенгоска од VII-a одделение под менторство на наставничката Елизабета Велјаноска, освои трета награда. На ученичката Тамара и нејзиниот ментор им го честитаме успехот, со желба за поголеми успеси во иднина, порачуваат од училиштето. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 2