Танеска: Договорите на трите лица истекоа, се распиша Конкурс на кој можеше да се пријават сите

Охрид, 28. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во врска со денешниот бојкот на наставата во ОУ „Св. Климент Охридски“, со реакција се јавија од ова Основно училиште.

– Договорите на дело на трите лица кои се посочуваат во изјавите на родителите беа истечени, по што беше распишан нов конкурс, на кој можеше да се пријави секое заинтересирано лице. Лицата кои се примени на работа се професионалци и многу бргу ќе се прилагодат на работата со децата, а и децата ќе ги прифатат доколку сите заедно им дадеме соодветна шанса и реална можност да го покажат своето знаење. Како колектив апелираме до родителите да им овозможат на децата континуирано следење на образовниот процес и да не се продолжува со бојкотот кој го започнаа денес, земајќи ги децата од настава, особено со почетокот на второто полугодие затоа што имаме задолжително основно образование, а недоаѓањето на училиште е со закон казниво дело, стои во дописот до медиумите испратен од директорката на ОУ „Св. Климент Охридски“ Наташа Танеска.

Со бојкот на наставата, родителите на деца од прво одделение во ОУ „Св. Климент Охридски“ го искажаа своето незадоволство од промената на две наставнички и дефектологот во ова училиште. На трите им биле истечени договорите на дело, по што бил распишан нов конкурс на кој и тие аплицирале, но на нивно место се избрани други соработици. Наставничкиот совет и одборот на родители во училиштето донеле одлука двете наставнички и дефектологот и натаму да продолжат да работат.

Повеќе информации ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

scroll to top