март 29, 2017

Лондон, 29. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Премиерката на Велика Британија, Тереза Меј и официјално го потпиша писмото со кое се активира членот 50 од Лисабонскиот договор за излез на земјата од Европската унија.

Фотографијата од настанот ја објави „Downing Street“.

Писмото ќе му биде предадено на претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, со што Британија ќе ги покрене двегодишните преговори за одвојување од европското семејство.

На 29-ти април, ќе биде организиран Самит на земјите членки на ЕУ, без учество на Британија, на кој ќе биде определен мандатот на Европската комисија за преговорите со Лондон. Додека пак во текот на мај, ќе бидат одредени основите за кои ќе се водат преговорите со Британците.

Инаку, во јуни 2016 година, во Велика Британија се одржа референдум , на кој англичаните со мнозинство гласови одлучија да излезат од ЕУ. (Крај)

извор: Макфакс

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука