февруари 25, 2015

Техеран, 25. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Техеран развива нуклеарно оружје во таен подземен објект, независно од преговорите со “шесторката” на меѓународни посредници за нуклеарна програма, тврдат ирански дисиденти.

Како што објави во Вашингтон претставникот на Националниот совет на иранскиот отпор, Алиреза Џафарзаде, според податоците на NCRI, комплексот наречен “Лавизан-3”, се наоѓа во близина на Техеран. Според Џафарзаде, објектот се наоѓа длабоко под земја и има специјални отпорни на радијација врати, за да не може да има “истекување на радијација и да биде откриен од страна на инспекторите на Меѓународната агенција за атомска енергија.”

Според NCRI, комплексот е на неколку нивоа, поврзани со тунел, зад кој се наоѓаат четири сали на длабочина над 40 метри. Иранскиот дисидент обезбеди две слики, поддржувајќи го тврдење за постоењето на комплексот во кој, според тврдењата, се збогатува ураниум за развој на нуклеарно оружје. (Крај)

извор: Fox News фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука