Лондон, 22. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Тибо Куртоа имаше желба да си замине од Челси, доколку не му биде понуден нов подобар договор. Раководството на „сините“ позитивно одговори на барањата на Белгиецот.
Чуварот на мрежата на англискиот шампион според сегашниот договор заработува шест милиони евра по сезона, а од идното лето неговите лични примања ќе се зголемат двојно.
Куртоа ќе заработува 12 милиони евра по сезона, што ќе го направи најплатениот голман во светот. Зад него ќе остане Давид де Геа, кој моментално е најплатен голман во светот со 11,7 милиони евра годишна плата. (Крај)
извор: Спорт1 фото: архива