ноември 5, 2023

Охрид, 5. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Тимот GreenForce на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, неодамна со својата мобилна апликација за детекција на отпад TrashPinger се пријави на RISE програмата за идните млади социјални и зелени претприемачи.

– Во конкуренција од 31 пријавен тим, охридскиот тим успеа да се пласира во најдобрите осум од целата држава. Тимот GreenForce, составен од учениците: Ана Спироска, Ана Атанасовска, Климент Маријаноски, Александар Спасеновски и Дарко Крлески, сите од III-3, под менторство на проф. Ирена Ралева- Најдевска, неодамна успешно го помина интервјуто со жири-комисијата и се пласира во втората фаза од оваа програма, информираат од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.

Додаваат дека во саботата, на 4-ти ноември 2023 година, ученичката Ана Спироска и менторката Ирена Ралева- Најдевска успешно ја поминаа програмата за вовед во социјално претприемништво од страна на RISE програмата.

– Оваа обука се одржа во Скопје. Во периодот што следува претстојат осум online и три физички средби за доразвирање на оваа идеја и во февруари 2024 година ќе се претстават во живо пред стручното жири. Им посакуваме успех, потенцираат од училиштето. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука