јануари 9, 2017

Похорје, 9. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Најдобрата словенска спортска,светска и олимписка шампионка, Тина Мазе, вчера ја заврши својата кариера.

Мазе во светскиот куп победила на 26 трки, 81 пат се искачила на победничкиот пиедестал, а во 2013 година го освои големиот кристален глобус.

Мазе има освоено четири олимписки медали, два златни и два сребрени,а на светските првенства има освоено пет златни и четири сребрени медали. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука