Охрид, 7. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во рамки на програмата за одбележување на празникот на заштитникот на градов, Св.Климент Охридски, вечерва ќе се одржи традиционалната изложба на Фото клубот „Охрид“.
Темата на оваа 19-та по ред изложба во чест на Патронот на Охрид е „Флора и фауна“, а отворањето е закажано за 18:30 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“.
Фото клубот „Охрид“ постои 18 години, а веќе пет години е член на Фото сојуз на Македонија. Моментално има 12 активни членови, а освен нив и уште десетина останати. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива