март 13, 2018

Њујорк, 13. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Доналд Трамп го отпушти државниот секретар Рекс Тилерсон и на негово место го постави досегашниот директор на ЦИА, Мајк Помпео.

Тој му се заблагодари на Тилерсон по пат на Твитер, додавајќи дека новиот државен секретар „фантастично ќе си ја врши новата работа“.

Трамп појасни дека го сменил Тилерсон затоа што сака да направи нов тим во пресрет на најавените преговори со Северна Кореја и за нови трговски договори.

Тилерсон беше назначен за државен секретар пред само една година и за неговата смена почна да се зборува уште пред неколку месеци.

Трамп, истовремено, ја номинираше Џина Хаспел за прва жена на чело на ЦИА. (Крај)

извор: Сакам да кажам фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука