јануари 22, 2018

Вашингтон, 22. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Финансиската блокада на американската Влада денеска влегува во трет ден севкупно и прв работен.Американскиот Сенат за денеска го одложи гласањето за привременото финансирање на сојузната влада.

Договор меѓу Републиканците и Демократите се уште нема.

Претседателот Доналд Трамп разговарал со лидерите на двете партии. Демократите, кои се против Трамповата политика за миграција, бараат преговори за договорот за заштита на околу 700 илјади мигранти од депортирање.

Трамп ја прекина програмата на Барак Обама која овозможуваше заштита на младите мигранти.Доцна синоќа двете страни не успеаја да постигнат компромис.

„Во изминативе неколку дена имаше многу реторика за тоа чија блокада е ова и кој треба да се обвини. Имаше многу обвиненија, но се надевам дека ќе може да го надминеме тоа и дека ќе најдеме начин како потворно да ја отвориме Владата“, изјави Џеф Флејк, сенатор од Аризона.

Блокадата на финансирањето на американската Влада стапи на сила во петокот на полноќ, по неуспешниот обид на Републиканците и Демократите да постигнат договор за Буџетот.

Претсетавничкиот дом на Конгресот изгласа закон со кој се продолжува финансирањето на буџетот до 16-ти февруари, но Сенатот не го потврди и покрај интензивните преговори и интервенцијата од претседателот Доналд Трамп.

Ова е прва блокада на сојузната влада од октомври 2013-ти година, која траеше 16 дена. (Крај)

извор: НоваТв фото:архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука