април 12, 2017

Струга, 12. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, во вторник, 18 април со почеток во 20 часот ќе се одржи концерт со „Трио џентлмен“, составено од тројца оперски пејачи.

Ќе настапат Дејан Стоев – тенор, Кристијан Антовски – баритон и Дарко Нешовски – тенор.

На репертоарот на „Трио Џентлмен“, кое функционира по урнекот на светските поп-класични состави, се наоѓаат најголемите светски поп хитови изведени во поп-класичен манир.

Публиката ќе може да чуе наполитански канцони, шпански песни, руски романси како и македонско творештво.

„Трио џентлмен“ постојат веќе две години, а за тоа време настапувале низ цела Македонија, но и надвор од земјата.

Влезот за настанот е 100 денари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука