февруари 27, 2015

Охрид/Струга, 27. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва во Струга ќе се одржи свирка посветена на музиката на популарниот англиски пост-алт-рок бенд Muse.

Охридско-струшкото трио Harp ќе направат своевиден трибјут, посветен на најдобрите теми, кои овој светски бенд ги има пласирано во текот на нивната кариера.

Harp trio го сочинуваат тројца музичари, кои биле дел од различни поранешни бендови, но и се уште се активни на полето на музиката и се во поставата на актуелни бендови. Членови се: Климент Јанкоски – гитара, вокал, Хендрик Зингер – бас и Боби Дамчевски – тапани и придружен вокал.

Концертот е вечерва во мезе бар „Кингстон“ во Струга, со почеток во 22 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука