јануари 17, 2020

Бразилија, 17. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Три лица починаа во Бразил од точено пиво, а се претпоставува дека пивото содржело отровна хемикалија диетилен гликол (ДЕГ), што се користи во антифриз и други производи.

Министерството за земјоделство соопшти дека траги на ДЕГ се пронајдени во осум различни видови пива што ги произведува „Бејкер“.

Истражувањата покажуваат дека труењето со ДЕГ може да предизвика невролошки компликации, вклучувајќи парализа, кома и смрт.

Пиварницата соопшти дека соработува со истрагата, при тоа додавајќи оти не користи ДЕГ во производството, но дека употребува помалку отровна супстанца – моноетилен гликол.

Полицијата нареди и претрес на компанијата која ја снабдува пиварницата со моноетилен гликол. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука