октомври 2, 2019

Истанбул, 2. октомври 2019 (ОХРОДПРЕС) – Втора година по ред, Турција е најголемиот донатор во светот на хуманитарна помош, според новиот извештај, кој покажува дека земјата само минатата година потрошила 8,4 милијарди долари. Извештајот го подготви независна организација за меѓународен развој.

Земјата расходувала 8,4 милијарди долари за хуманитарна помош во 2018 година, додека трошоците за помош за 2017 година изнесувале 8,1 милијарди американски долари, се вели во извештајот за глобалната хуманитарна помош на Глобална иницијатива за развој (ДИ).

Во 2018 година, околу 29 отсто од целата меѓународна хуманитарна помош, или 28,9 милијарди американски долари, дошле од Турција, покажува извештајот. Помошта од други земји се намали на годишно ниво во 2018 година, вклучително и од САД (од 6,68 милијарди долари на 6,65 милијарди долари), Германија (од 2,98 милијарди долари на 2,96 милијарди долари) и Велика Британија (од 2,52 милијарди на 2,19 милијарди долари).

Расходите за хуманитарна помош во Турција се близу до 1,1 отсто од нејзиниот БДП во 2018 година, наспроти 1 отсто во 2017 година. САД обезбедуваат 0,032 отсто од својот БДП, Германија 0,074 отсто и Велика Британија 0,077 отсто. Турција беше рангирана на третото место во извештајот на ДИ во 2013, 2014 и 2015 година и на второ место во 2016 година.

Таа, исто така, е домаќин на најголем број бегалци во светот – четири милиони, покажуваат официјалните податоци. Бројот на сириски бегалци кои живеат во земјата е 3,66 милиони во септември.

Турција досега потроши скоро 40 милијарди американски долари за благосостојба на бегалците, при што доби само околу шест милијарди евра (6,6 милијарди долари) како поддршка од меѓународната заедница. Турција долго време ги критикуваше европските земји и меѓународната заедница за недостиг на поддршка во однос на прашањето за бегалците.

Целиот текст прочитајте го ТУКА. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука