јануари 24, 2015

Скопје, 24. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Синоќа околу 22:30 часот со лисици на рацете и полициска придружба пред Истражен судија и Јавен обвинител во Скопјe е изнесен поранешниот директор на УБК Зоран Верушевски, јави Тв Алфа.

Екс-разузнавачот Верушевски се товари за нелегално поседување оружје, основани сомневања за детска порнографија и други тешки кривични дела.

Верушевски своевремено извршуваше неколку функции во безбедносно-разузнавачкиот систем во државата (помошник-министер за информирање во МВР, шеф на кабинетот на поранешниот министер за внатрешни работи Томислав Чокревски во МВР, директор на Управата за безбедност и контраразузнавање).

Тој е втор екс-директорот на УБК уапсен од страна на актуелната власт. Претходно беше уапсен Слободан Богоевски кој заработи и затворска казна од две години. (Крај)

извор: Тв Алфа фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука