октомври 23, 2014

Нион, 23. октомври 2014 (ИНПРЕС) – Европската фудбалска унија (УЕФА) соопшти дека нема да преземе мерки против ЦСКА Москва поради присуството на навивачи на теренот и покрај забраната.

На трибините на „Химки“ арената против Манчестер Сити присуствуваа околу 350 луѓе, иако ЦСКА има казна од три натпревари играње пред празни трибини поради расистичките испади на навивачите.

Сити упати официјална жалба, но УЕФА нема да реагира, затоа што „Не биле прекршени правилата“.

– Извештаите беа прегледани по натпреварот и беше заклучено дека правилата не се прекршени.

Присуствувале само клубски официјални лица, медиумите, обезбедувањето, членови на УЕФА и спонзорите, се наведува во официјалното соопштение на УЕФА.

ЦСКА и Сити одиграа во вторникот нерешено 2:2, во рамките на третото коло ог Групата Ц во Лигата на шампионите. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука