февруари 11, 2015

Скопје, 11. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Хуманитарните акции на поединци и здруженија за помош на лицата од поплавените подрачја продолжуваат.

„Уметност на живеење Македонија“, организира хуманитарна акција која трае до 14-ти февруари. Сите кои сакаат да донираат ќе може да го посетат пунктот поставен во „Супер Тинекс“ во Зебра, во Скопје, во период од 11:00 до 20:00 часот.

– Ги повикуваме граѓаните да излезат што помасовно во оваа акција и да ја покажат својата хуманост кон своите сограѓани. Според информациите од институциите најпотребни се вода за пиење, дезинфекциони и хигиенски средства, лекови, храна, облека, покуќнина, ќебиња, … Собраната помош „Уметност на живеење Македонија“ со своите волонтери ќе ја дистрибуира дирекно до погодените домаќинства без никакви посредници или институции, информираат од здружението.

Обилните врнежи што ја зафатија нашата држава во изминатиов период доведоа до излевање на реките од речните корита при што беа предизвикани бројни последици на инфраструктурата, земјоделските посеви и домовите на жителите во повеќе региони во Македонија. (Крај)

извор: МИА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука