јуни 20, 2018

Охрид, 14. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Никола Упевче е академски сликар, реставратор и конзерватор од Охрид. Како млад уметник  и научен работник тој досега има оставено повеќе трајни траги во културно-историското наследство на Охрид, но и пошироко.

Вели дека повеќето техники не ја доживеале судбината на мозаиците. Преку нив, само со спојување на одредени фрагменти, повторно се осмислува декорот и архитектурата. Во историјата се познати како вечни слики, раскажува во интервјуто емисијата „Радио Корнер“ на Супер радио и OhridPress познатиот уметник.

Супер радио: Мозаикот „Мапа на Охрид“ досега беше презентиран во Барселона, а неодамна и во Рим. Во мометов е дома, во Охрид во твојата галерија. Како се роди идеата за дизајнот? Што те инспирираше за да почнеш да го изработуваш?

Упевче: Мозаикот „Мапа на Охрид“ почнав да го работам во 2006 година. Базиран е на апликацијата Google maps, со актуелни географски координати кои можат да се видат преку Google maps. Мозаикот нуди поглед на Охрид од птичја перспектива и ја содржи целокупната инфраструктиура на стариот дел на градот опкружен од Охридското Езеро. Сето тоа е претставено автентично, а на мозаикот автентично се претставени и сите монументални објекти. Сите кои сакаат во живо да го видат мозикот на мапата од Охрид, може да го погледнат во галеријата на Славко и Никола Упевче, кое се наоѓа веднаш до „Бистро Корнер“.

nikolaupevcemozaikСупер радио: Неодамна изјави дека сакаш мозаикот да го подариш на градот Охрид. Што те поттикна на ваков гест?

Упевче: Јас чувстувам дека сум го подарил со самото тоа што сум го изработил, со љубовта што ја внесов во делото работејќи го 10 години. Материјалите кои се имплеменитирани во изработката чинат над 15 илјади евра, да не зборувам колку би била неговата комплетна вредност. Сите „делчиња“ од мозикот се рачно обработувани, вметнати се и многу специфични материјали, како на пример стакленца, кои се донесени од Италија. Сите материјали сум ги купувал од хонорарите кои сум ги заработувал од реставрации на одредени локалитети.

Супер радио: Имате ли до сега некоја предлог локација каде тој би бил изложен?

Упевче: Моја желба е мозикот да биде поставен на некое јавно место, на кое има фрекфенција на луѓе и кое пред се ќе биде добро осветлено и добро означено. Би сакал овој мозиак да придонесе во општото доживување на посетителите на стариот град. Охрид нуди премногу, а со поставувањето на мозикот на јавно место се надевам дека ќе понуди уште повеќе, а ќе биде и дополнителна провокација за истражување на досега непознати локалитети и мозиаици.

Супер радио: Во кој период од животот знаеше дека на најскапата сликарска техника, мозаикот сакаш да му ја посветиш кариерата?

Упевче: Покрај тоа што како сликарска техника ги нарекуваат најскапи, мозиците ги нарекуваат и вечни слики. Многу од артефактите низ вековите се оштетиле и уништиле, но само со мали фрагменти од мозиците може да се комплетира целата слика на пример како изгледал подот на некоја Ранохристијанска базилика, некоја бања од пред две илјади години итн. Мојата провокација и инспирација да ги одберам мозаиците за моја професионална преокупација потекнува од моето детство. Често шетајќи со мојот татко низ Плаошник, тогаш познат како Имарет, за мене беше многу интересно да го тргнам песокот и да го откријам, да го видам мозаикот.

Супер радио: Вие сте еден од ретките стручњаци за заштита на мозаиците, со кои изобилува Охридскиот регион. Работевте на заштита на мозаиците од богатата ризница на археолошкото наоѓалиште на Плаошник, потоа на Ранохристијанска базилика од Струшкото село Октиси, на мозикот од Базиликата од Суводол, изложен во Археолошкиот музеј на Македонија итн. Беше дел од меѓународни тимови за реставрација на мозици во Хрватска и Словенија. Како и каде ја усовршуваше техниката за реставрација на антички мозаици?

Упевче: Со мозаикот најпрво се запознав на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, каде што имав можност да ги изучувам техниките за креација на мозаик од познатиот сега покоен Момчило Петроски – Моцо, еден од врвните експерти, еден од најстарите макеодонски стручњаци кои конзервираа мозиаци во Стоби и Хераклеа. Особено значајно ми беше искуството кое го стекнав на локалитетот Плаошник со исто така сега покојниот конзерватор и реставратор Ефто Димоски. Секако значајни се и моите престои во странство во престижни атељеа, учествував на многу престижни собири каде што стекнав многу контакти со кои разменуваме искуства и информации од областа.

nikolaupevcekorner2Супер радио: Според одредени извори, за Македoнија се вели дека е земјата од каде што потекнува мозаикот како сликарска техника?

Супер радио: Во книгата „Мозаците на Грчкиот и Римскиот свет“ на Кетрин Данив со која имав можност да се запознам во Мароко на 11-тата Конференција за конзервација на мозици разговаравме баш на оваа тема, а тоа е и нејзината теза. Јас би се сложил со неа дека во начинот во кој ги поимаме мозиците, верувам дека се „измислица“ на дворците на античките кралеви од Македонија, од дворот на крaлот Александар и Филип од дворецот во Пела. Концептот на мозаикот е да се пренесат фигуративни претстави, а до сега тезата дека тие потекнуваат од Македонија не е потврдена, но ниту до крај истражена, иако постојат сериозни индикации дека е точна.

Супер радио: Автор си на сводестиот мозаик поставен над влезот во црквата „Св. Богородица – Каменско“ во Охрид. Меѓу твоите последни дела е и мозаична декорација на новата фонтана на плоштадот кај Мини маркет. Кој проект досега ти бил најголем предизвик во кариерата?

Упевче: Секако овој последниов мапата на Охрид ми претставува еден од најголемите  предизвици, бидејќи носи премногу информации во себе и користена е една директна техника на поставуавање на мозаици, иако особено големи предизвици ми се и оние кои ги споменавте. Инаку мозаикот во црквата „Св. Богородица Каменско“ е првиот своден мозик кој го имаме во Република Македонија.

bistrocorner1

Емисијата „Радио Корнер“ се емитува секој работен ден од 12:00 до 14:00 во живо од Bistro Corner. Водител е Александра Алексијевска. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука