Охрид, 20. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на утрешниот ден ќе биде воведена времена измена на сообраќај со преминување од една коловозна лента во друга на магистралниот пат А2, патен правец Кичево-Охрид (Пресека-Песочани).
Од „Македонија пат“ информираат дека за воведувањето на измената веќе е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Според известувањето добиено од изведувачот на градежните работи, АД „Илинден“ од Струга, овој режим на сообраќај ќе трае до нивното завршување. (Крај)
извор: АМСМ фото: архива