Утре забрана за сообраќај на улицата „Гоце Делчев“

Охрид, 15. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Утре, 16-ти декември,поради изведување градежни работи околу санација и реконструкција на тротоарот на улицата „Гоце Делчев“ ќе биде забранет секаков вид сообраќај.

Од локалната самоуправа информираат дека во периодот од 09:00 до 13:00 часот ќе се изведуваат градежни активности на потегот од крстосницата помеѓу улиците„Абас Емин“ и „Гоце Делчев“ до крстосницата помеѓу „Гоце Делчев“ и „Пирин Планина“.

Надлежните општински служби, на крстосницата помеѓу улиците „Абас Емин“ и „Гоце Делчев“, ќе постават соодветна сообраќајна сигнализација. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

scroll to top