септември 20, 2017

Струга, 20. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Под мотото „Биди херој на денот, дарувај крв“ утре во хотелот „Бисер“ во Струга ќе се одржи крводарителска акција.

Сите кои сакаат да бидат хумани и да ја даруваат скапоцената течност која за некого ќе значи живот, тоа ќе можат да го направат во периодот од 10-14 часот, информираат од струшкиот Црвен крст. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука