јануари 3, 2017

Струга, 3. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – По повод одржувањето на Вевчански Карневал 2017-та , утре, 4-ти јануари, организаторите ќе ја објават комплетната програма за манифестацијата.

Манифестацијата ќе се одржи на 12-ти, 13-ти и 14-ти јануари.

На прес-конференцијата која ќе се одржи во Скопје, ќе бидат презентирани сите новости, информации и целосната програма за претстојното издание на Вевчанскиот карневал, една од најголемите и најуникатни културни знаменитости во нашата земја.

Како што напоменуваат од организацискиот одбор на манифестацијата, на утрешната прес конференција дел од музичките изведувачи кои ќе настапат на годинешното издание, лично ќе ги поканат посетителите и туристите. Програмата ќе ја презентира претставник од Министерство за Култура на Република Македонија и Градоначалникот на општина Вевчани, Цветомир Угриноски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука