октомври 19, 2017

Охрид, 19. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – За утре е најавен чинот на примопредавање на градоначалничката функција во Охрид.

Новоизбраниот градски татко Јован Стојановски ќе ја преземе функцијата од досегашниот Никола Бакрачески со што и официјално ќе раководи со општината во наредните четири години.

Што се однесува до почетокот со работа на градските советници, согласно Законот за локална самоуправа, во рок од 20 дена претседателот на советот од претходниот состав треба да свика конститутивна седница.

Доколку во овој рок не се закаже седница, најстариот советник од новоизбраните ќе има рок од 10 дена да свика седница. Доколку и тогаш не се одржи конститутивна седница, ќе се оди на нови избори за членови на Совет на општината. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука