јуни 1, 2023

Охрид, 1. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Врнежливото време, кое веќе неколку недели го погоди поширокиот регион на Охрид не поколеба три млади дами утрово да уживаат во утринско капење на кеј „Македонија“.

Трите преубави гостинки во преубавиот Охрид му посакаа добредојде на јуни и барем за нив, ја отворија летната созона на капење на првиот јунски ден 2023 година.

Според бројот на странски гости деновиве во Охрид, по се’ изгледа дека не очекува успешна и плодна сезона. Да се надеваме дека конечно и времето ќе се стабилизира и сите заедно ќе уживаме во уште едно долго и топло лето, исполнето со голем број гости од земјата и целиот свет. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука