септември 24, 2024

Охрид, 24. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно и релативно топло време. Од пладневните часови ќе има локална појава на повремен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 20. степени.

– Следува период на релативно топло време. Денеска и утре ќе има зголемено наоблачување со локални врнежи од дожд, краткотрајно поројни и повремено проследени со грмежи. Во деновите потоа времето ќе биде стабилно со постепен пораст на температурата, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука