август 27, 2024

Скопје/Охрид, 27. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР) известуваат дека под влијание на циклонска активност од исток, следува период кога во попладневните и вечерните часови ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

– Особено поинтензивни процесите ќе бидат во четврток и петок кога на повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локална појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Во Скопје од утре до петок ќе има честа појава на пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината и во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град, додаваат од УХМР.

Во случај на појава на електрични празнења, се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја. (Крај)

извор: ОхридПрес/УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука