февруари 26, 2020

Охрид, 26. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Со едукативната кампања „Ги запознаваме ретките болести“, учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“, секој ден од месец февруари се едуцираа за ретките болести, нивната застапеност и ризик факторите.

– Под мотото „Животот е сложувалка, да ја составиме заедно“, учениците се приклучија во кампањата за поддршка на лицата со ретки болести. Преку нивната работилница, со изработување на хамер тие ја подигнаа свеста и упатуваа мотивациони пораки за да пренесат дека помагаат и ја пружат целата нивна поддршка и помош, информираат од училиштето.

Со тоа продолжуваат активностите за подигнување на свеста за ретките болести, кои ќе завршат следната сабота, на 29-ти февруари, кога ќе биде одбележан Светскиот ден на ретките болести со посебен настан на Градскиот плоштад во Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука