мај 13, 2017

Струга, 13. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Секторот за внатрешни работи Охрид, во соработка со полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Струга и подрачното основно училиште „Дедо Лазор Циркоски“ од Враништа, на регионалниот пат Струга-Дебар кај селото Враништа, реализираа сообраќајно превентивна кампања за зголемена сообраќајна безбедност.

strugadecasoobrakaj2

Во рамките на кампањата, учениците од шесто до деветто одделение, излегоа покрај регионалниот пат и високо ги подигнаа многуте испишани едукативни пораки наменети за возачите на патнички возила кои сообраќаат на регионалниот пат. Децата повикаа на максимална внимателност при управувањето на моторните возила, моторциклите, побараа безбедно учество на пешаците и велосипедистите при движење и преминувањето на коловозот и укажаа на неопходноста од свесно и одговорно однесување на сите учесници во сообраќајот.

strugadecasoobrakaj3

„ Да ги заштитиме децата во сообраќајот, Вози како секое дете на улица да е твое, Вози внимателно биди одговорен, Човечкиот живот нема цена, Намалете ја брзината“, беа само дел од искрените детски транспаренти и пораки што денеска најмладите ги испишаа и високо ги подигнаа да ги видат возачите од своите автомобили. Децата на возачите им поделија и едукативни флаери со корисни совети за безбедно возење по регионалниот пат каде, за жал во изминатиов период се случени низа сообраќајни незгоди а во некои од нив и со загуба на човечки животи. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука