март 13, 2018

Охрид, 13. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Ученици од ОУ „Григор Прличев“ од Охрид постигнаа забележителен успех на регионалниот натпревар по физика кој се одржа викендов во Крушево.

Учество зедоа ученици од Основните училишта од Прилеп, Битола, Охрид, Струга, Ресен, Демир Хисар, Македонски Брод, Крушево и помалите места. Учениците од ОУ „Григор Прличев“ се пласираа меѓу најдобрите, освојувајќи ги следните награди:

1. Ева Китрозоска VIII-2 одд – I награда
2. Јана Петреска IX-3 одд – I награда
3. Патар Мишов IX-1 одд – II награда
4. Анастасија Стојаноска IX-3 одд – III награда
5. Ева Бимбилоска VIII-1 одд – пофалница

Ментор на учениците е наставничката по физика Славица Јолакоска Таштаноска. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука