март 21, 2018

Охрид, 21. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Денот на пролетта, 21-ви март беше дочекан и од учениците во ОУ „Григор Прличев“ во Охрид.

dennaproletta1 dennaproletta2 dennaproletta3– Со голема радост од нашите ученици, во училиштето се реализираа интегрирани часови со еколошки содржини, а дел од учениците со секциите спроведоа и еколошки акции. Имено, учениците од одделенска настава од подрачното училиште „Григор Прличев“ во населбата Рача, заедно со учителките Виолета Кафтан, Наташа Маркоска, Мирјана Христовска, Марија Стојоска и Ружица Размоска традиционално го посетија посетија Благовештенскиот манастир. Учениците уживаа во прекрасната природа, засадија садници со очиња во дворот на манастирот и беа одлично пречекани од домаќините. И покрај дождливото време сепак ја продолжија традицијата, информираат од училиштето. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука