февруари 3, 2015

Охрид, 3. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Група ученици кои утрово требаше да ја следат редовната настава во Општинското средно училиште „Свети Климент Охридски“, пред почетокот на часовите се собраа во училишниот двор во знак на поддршка на професорите кои штрајкуваат.

Тие велат дека никој не ги присилил на краткиот протест, туку тоа го прават по нивна волја.

– Се собравме утрово кога дојдовме на училиште. Даваме поддршка на барањата да се укине екстерното тестирање и ги поддржуваме професорите кои штрајкуваат да истраат до крај во нивните барања. Екстерното тестирање, не само за нив, туку и за нас е дополнителен стрес, велат охридските средношколци кои беа дел од групата што утрово протестираше пред гимназиската зграда.

Gimnazija deca 2

Gimnazija deca 3

Дваесет и петте професори од оваа образовна установа кои од вчера стапија во штрајк и денеска беа на работа, но не ги одржуваа нивните часови. Тие велат оти не им се придружиле на учениците за да не биде сфатено дека манипулираат со нив.

– Штрајкувачкиот одбор ги следи инструкциите и одлуките на централното раководство на СОНК. Според инструкциите не смееме да поддржиме малолетници, туку само полнолетни граѓани кои сакаат да не’ поддржат. Од друга страна, ако излезевме утрово и ги поддржевме учениците тогаш ќе бевме сфатени дека манипулираме со нив, што апсолутно не сакаме да го правиме тоа, вели Ристе Николески од Штрајкувачкиот одбор на Охридската гимназија.

Еден дел од учениците кои денеска протестираа пред училиштето ја продолжија, наставата, а дел пак заминаа дома.

Gimnazija deca 4

Вкупно 25 професори од Општинското средно училиште „Свети Климент Охридски“ од Охрид од вчера се придружија кон штрајкот на Синдикатот за образование, наука и култура. (Крај)

извор: ОхридПрес  фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука