март 26, 2018

Охрид, 26. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Учениците од четвртите одделенија во ОУ „Григор Прличев“, со наставничките Билјана Иваноска, Валентина Трпческа, Радмила Лотеска, Мимоза Трајческа, Нина Ристеска и Виолета Кафтан денес беа во посета на Општина Охрид каде беа пречекани од градоначалникот Јован Стојаноски и Игор Бежоски.

– Општинскиот секретар Игор Бежоски детално им ја објасни работата на општината. По неговото објаснување се премина на прашања од страна на учениците, на кои им беше одговорено. Во одлична атмосфера учениците имаа можност да ги продлабочат знаењата по предметот општество. Учениците се запознаа со работата и функционирањето на локалната власт, а беа и во кабинетот на градоначалникот и останатите служби на општинската администрација, информираат од училиштето. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука