Охрид, 19. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Ученичката Лана Трпкоска од ООУ „Св. Климент Охридски“ од Охрид го освои првото место на регионалниот натпревар по географија.
– Климентовци – гордост. На регионалниот натпревар по географија, кој се одржа на 16-ти март 2024 година, нашата ученичка Лана Трпкоска од 8 одделение, под менторство на наставничката Нине Симоновска, го освои првото место, информираат од ООУ „Св. Климент Охридски“, од каде и’ го честитаат освоеното место и посакува успех и постигнувања и на државниот натпревар. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 1