мај 12, 2023

Струга/Охрид, 12. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Џуниор Ачивмент Македонија, од 10-ти до 212-ти мај 2023 година, во хотел „Дрим“ во Струга се одржа шестиот Државен натпревар за ученички компании, на кој ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид се претстави со две ученички компании.

– Компанијата „ЦеХа4“ составена од учениците Ангел Крстески, Мартина Јосифоска, Мануел Симоноски, Јована Николоска и Един Мифтароски под менторство на професорите Јорданка Недеска Симиџиоска и Љупчо Балески го претстави својот производ Дигестер за производство на метан со користење на органски отпад, а компанијата „GreenForce“ составена од учениците Ана Спироска, Ана Атанасовска, Дарко Крлески, Климент Маријаноски, Александар Спасеновски под менторство на професорката Ирена Ралева Најдевска кои ја претставија својата апликација TrashPinger која се користи за пријавување на диви депонии, информираат од училиштето.

Можно е да е слика од 7 луѓе и текст

На овој натпревар беа пријавени 115 компании од средни училишта од целата држава, а на финалниот настан се претставија 25 ученички компании од 20 училишта од 14 градови од Македонија меѓу кои беа и охридските компании.

Натпреварот се состоеше од два дела. Во првиот дел претставниците од ученичките компании имаа усна презентација, а во вториот дел ги претставија своите услуги или производи на своите штандови.

– Натпреварот претставува едно позитивно искуство како за учениците така и за менторите бидејќи нашето училиште за првпат настапи на еден ваков натпревар. На учениците и менторите им честитаме за постигнатиот успех и им посакуваме успешна практична реализација на нивните идеи, потенцираат од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука