септември 8, 2021

Охрид, 8. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Учесниците на локалните избори во Охрид, закажани за 17-ти октомври, испратија честитки до граѓаните по повод Денот на независноста на Република Македонија.

Кандидатот од редовите на СДСМ, актуелниот градоначалник д-р Константин Георгиески порача дека денес се заокружуваат 30 години, кога сонот на многу генерации Македонци стана реалност, со прогласувањето на независноста на нашата Татковина.

May be an image of 1 person, sitting, outerwear and suit

– Период кој беше исполнет со многу искушенија, тешкотии и закани, но исто така и период во кој недвосмислено ја потврдивме нашата цврста определба да изградиме, демократска и просперитна Македонија. Ден кој не потсетува на предизвиците кои сме ги надминале и на вечниот стремеж за подобра Македонија. Денес Република Македонија е етаблирана како стабилна држава, со постојано надградување на демократските капацитети, а уверен сум дека граѓаните на Охрид како столб на македонската историја и култура, ќе го дадат својот несебичен придонес за просперитетна иднина на сите граѓани. Да ни е среќен и вековит празникот, порача Георгиески.

Неговиот против-кандидат од ВМРО-ДПМНЕ, д-р Кирил Пецаков порача дека Република Македонија денеска одбележува 30 години самостојност и независност по спроведениот референдум на 8 септември 1991 година.

– Цврсто сум убеден и верувам дека токму денеска сите заедно Република Македонија ја чувствуваме како своја татковина без разлика дали сме Македонци, Турци, Срби, Албанци, Роми, Власи, Египќани, Бошњаци, Евреи и сите останати сограѓани. Сега е вистинското време за промени на подобро и да покажеме со дела и работа колкава е љубовта кон нашата Македонија и нашиот Охрид. Време е за Македонија за сите луѓе и време е за подобар Охрид. Нека е вечен споменот на сите македонски родољупци! Честит и вековит 8 Септември – Денот на независноста на Македонија! Среќен роденден Татковино, стои во пораката на Пецаков.

May be an image of text

Празнични честитки упати и носителот на Независната листа „Охрид има План Б“ Антонио Наумоски.

– Најдобар начин да ја предвидиш иднината е да ја создадеш…, рекол некогашниот претседател на САД Абрахам Линколн. Да создаваме заедно, да учиме од грешките и да вложуваме во поубав и просперитетен Охрид, во кој живеат среќни луѓе… Честит 8-ми Септември – Ден на независноста, 30 години суверена, независна и самостојна Република Македонија. Охрид има иднина – Охрид има План Б, порача Наумоски.

May be an image of sky, monument and text

Честитки за граѓаните по повод големиот празник и јубилеј испратија и од Независната листа Стевче Стевоски од Охрид.

– Честит 8-ми Септември – Ден на независноста на Република Македонија. Чесно и одговорно, за подобар Охрид, порачаа од изборниот тим на Стевоски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука