У21 : Младите против Австрија, за враќање на надежта за пласман на ЕП 2019

Скопје, 14. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Младата репрезентација на Македонија се чини ја брка една од последните шанси за враќање во игра за пласман на Европското првенство 2019 во Италија.

По двата претходни порази од Србија и од Гибралтар, селекцијата на Благоја Милевски денеска од 13 часот на националната арена „Филип Втори“ во Скопје против Австрија во обид за враќање на победите и активната можност за битка за една од првите две позиции во квалификациската група.

„Австрија е добро анализирана, се подготвивме добро и очекувам да одиграме квалитетен натпревар. Мечот со Гибралтар е веќе заборавен, фокусирани сме максимално на новиот предизвик и се надевам дека ќе ја исполниме целта. Австрија има свои квалитети, тоа е повеќе од јасно, но ние сме фокусирани на нашето издание“ – вели селекторот Благоја Милевски пред денешниот дуел.

Во однос на оној претходен натпревар со Гибралтар, Македонија сега ќе биде освежена и со тројца фудбалери од репрезентацијата до 19 години, Елмас, Митровски и Тодороски кои се приклучија дополнително на подготовките на барање на селекторот Милевски.

Од нашата квалификациска група денеска играат уште Ерменија и Србија, со почеток од 12 часот. (Крај)

извор: Екипа.мк фото: архива

scroll to top