ФА ги помилува Сити и Јунајтед: Нема да покрене постапка за инцидентот на „Олд Трафорд“

Лондон, 24. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Англиската фудбалска федерација одлучи да не покрене постапка за третото полувреме на градското дерби на „Олд Трафорд“ од пред две седмици.

На тој дуел, Сити славеше со 1-2, но победата на „граѓаните“ остана во сенка на инцидентот кој се случи во подтрибинскиот простор на легендарниот стадион, веднаш по последниот судиски свиреж. Според британските медиуми, во овој инцидент учествуваа скоро сите фудбалери на двете екипи, а во главната улога биле Мурињо, Едерсон, Лукаку и Артета. Најдебелиот крај го излече помошникот на Гвардиола, кој се здоби со расекотина на десната аркада.

Пред неколку дена двата клуба доставија извештаи за случувањата по мечот, а по разгледувањето на истите ФА одлучи да не поведува постапка, со што градските ривали се спасија од суспензии и парични казни. (Крај)

извор: Гол.мк фото: архива

scroll to top