февруари 6, 2015

Нион, 6. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Според резултатите од гласањето на официјалниот сајт на УЕФА , напаѓачот на Атлетико Мадрид, Фернандо Торес е најдоброто јануарско засилување.

Шпанецот во зимскиот трансфер период се врати на “Висенте Калдерон” и досега успеа да постигна три гола – два против Реал и еден против Барселона.

На второто место во ова гласање на сајтот на УЕФА е новиот играч на Манчестер Сити, Вилфред Бони, а според фановите меѓу најдобрите пет засилувања се: Сејду Думбија  од Рома, Џердан Шаќири од Интер и Андре Ширле од Волфсбург.(Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука