мај 12, 2023

Охрид, 11. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – Охрид, како еден посебен културен центар кој е со идеална позиција и обдарен од прирoдата со сите културно-историски и културни својства не прави горди, порача Михајло Филев на забавата која се одржа како дел од мајското издание на „Охридските приказни“ во „Форт кафе“..

– Голема благодарност до „Форт кафе“ и „Охридските приказни“ за оваа прекрасна идеја, која е нова и иновативна маркетиншка порака до сите оние кои творат и сите оние кои треба да творат во своите професии да сторат многу повеќе од нас за иднината на Охрид, Македонија и целиот свет, порача Филев пред присутните.

Тој стои зад Охридската бисерна приказна. Магистер е по дипломатски науки, четврта генерација на старата охридска фамилија Филеви, која ја чува тајната за охридскиот бисер. Почесен конзул на Република Србија во Република Македонија. Сопруг, татко, другар човек од охридската чаршија.

Во интервју за OhridPress, со него разговаравме и за тоа каков сакаме и каков може и треба да биде Охрид, затоа што Охрид сме СИТЕ и СИТЕ сме Охрид.

Со ова заврши сезоната септември-мај на „Охридските приказни“, во кои продефилираа бројни личности од јавниот живот во Охрид.

– Охрид е бајка, љубов, емоција и инспирација. Охрид е завет. Имавме преубава дружба, потенцираат од „Форт Кафе“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука